Вардар против Ѓорче го одигра првиот дуел во 2025

ЖРК Вардар во рамки на 3.коло од плеј-офот ја пречекаа екипата на Шампионот, Ѓорче Петров-ЖРК. Гостинот го доби овој дуел.





Ривалот подобро отвори на почетокот со воведни 0-3. Ние успеавме да се вратиме во игра и со погодокот на Богоеска намаливме на 3-5 во деветата минута. Шампион го оправда епитетот на фаворит и почна постепено да се одлепува на резултатски план. На одмор заминавме со резултат 7- 16 за ѓорчепетровки.












Победникот беше познат по крајот на првите 30.минути. Остана да ја подобриме играта во вториот период, во тоа успеавме постигнавме речиси двојно повеќе погодоци во гостинската мрежа во однос на нашиот скор од првиот период. Натпреварот кој беше прв официјален во 2025 година заврши со резултат 20-36. Миленкоска Леона постигна речиси половина погодоци за црвено-црните девојки денес.




















Вардар: Ивона Кимовска 1, Ј. Попова 3, Тодоровска 3, Н.Попова 1, Бошковски, Неделковска, Галачева 3одб, Голабоска, Велјаноска 1, Илиќ 3.одб, Богоеска 2, Франгоска, Кимовска Ива, Миленкоска 9, Ѓорѓиевска 2.одб.