Skip to content
Дома » Вести » Ѓорѓиевска го „откажа Скопје“, младинките со победа го отворија пролетниот дел

Ѓорѓиевска го „откажа Скопје“, младинките со победа го отворија пролетниот дел

    Во 8.коло, првото пролетно, лидерот на табелата ЖРК Вардар во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода ја пречека екипата на Скопје. На оваа средба од младинската лига избраничките на Платон остварија убедлива победа со резултат 34-22 (21-09).

    Првиот дел започна со почетно водство на противникот, ние веднаш од пенал преку пикерот Попова Нина ја анулиравме негативата за почетни 1-1. Противникот успеваше да биде во резултатски баланс се до 3-3, потоа следеа наши минути. Со серија од 4-1 поведовме со три плус, односно 7-4, по одличниот гол на Борјана Коцева која мина крај две девојки на противникот во 11.минута. На нашиот гол во првиот дел одлична беше Вероника Ѓорѓиевска и ни овозможуваше прилики за резултатско напредување, таа едноставно беше феноменална денес.

    Во 18.минута ривалот мораше да побара тајм-аут да го прекине нашиот налет. Поведовме со 12-8 по погодокот на пикерот Попова која доби атрактивана асистенција од Коцева Борјана. Не им помогна многу минутата одмор на Скопје, ние од минута во минута ја зголемувавме предноста.

    На одмор заминавме со двоцифрена разлика, односно со предност од 12.гола. Конечните 21-9 ги постави по контра пикерот Михаела Велјаноска на 25.секунди до крајот на првиот дел.

    Во вториот дел Платон Анжела даде прилика на целиот ростер од клупата на црвено-црните. Сепак и покрај големата ротација во нашиот тим ние го задржавме ритамот. Некаде пред половината на овој дел поведовме и со високи 15.гола повеќе, во 44.минута за 29-14 ефектно од 8.метра стрелаше Дона Тодоровска.

    Се до крајот беше формалност, беше јасно дека ќе дојдеме до нови три бода и ќе се одлепиме на врвот на табелата во младинската лига. Победата беше остварена со резултат 34-22.

    ВАРДАР: Ѓорѓиевска (23.одбрани+2гола), Коцева Бојана 7, Радевска 2, Попова 4, Коцева Борјана 4, Велјаноска 1, Тодоровска Дона 4, Миленкоска 3, Хасаноска (2.одбр), Милевска 2, Тодоровска Драгица 3, Трпкова 1, Шехтанска 1, Соколовска, Франгоска, Симоновска 1, Милевска 1.