Skip to content
Дома » Вести » Денешното дерби, Вардар-Металург со пренос на МТВ

Денешното дерби, Вардар-Металург со пренос на МТВ

    Вардарки во рамки на 10.коло се домаќини во дербито на тимот од Автокоманда..

    Денес во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода, црвено-црните девојки ќе бидат домаќини на тимот на ЖРК Металург Автокоманда. Ова е натпревар од 10.коло во Супер лигата. Дербито е закажано со почеток во 18 часот и 30 минути. Вардарки се 2.позиција на табелата со 22.бода по 9.рунди, гостинот досега освои 21.бод и е на две позиции зад нас на првенствената табела.

    Натпреварот ќе може да се погледне низ директен пренос на Македонската радио и телевизија. Оваа средба ќе биде емитувана на спортскиот канал на државната телевизија, односно на МТВ-3.