Skip to content
Дома » Вести » Рутинска победа за сениорската екипа на гостувањето кај Астибо

Рутинска победа за сениорската екипа на гостувањето кај Астибо

    ЖРК Вардар врза 5.победи во низа, совладан Астибо.

    Во рамки на 6.коло црвено-црните дами гостуваа во Штип, остваривме убедлива победа на средбата со Астибо, резултатот беше 28-40.

    Противникот беше рамноправен само во воведените минути кога беше 1-1, потоа ние бевме тимот кој доминира. По пет минути игра со голот на Радевска поведовме со 2-4, имавме ритам и од минута во минута ја зголемувавме предноста. Веќе во 13.минута бевме на шест плус со голот на Сара Стефаноска за 4-10. Во 27.минута нашата предност стана двоцифрена, Радевска погоди за 10-20, на одмор се замина со резултат 12-23 за нас.

    Во вториот дел Царчев и Платон од клупата дадоа шанса на девојките со помала минутажа, сепак и понатака ние бевме тимот кој го контролираше натпреварот. Победата дојде со резултат 28-40.

    Вардар: Илиќ 7.одбрани, Ивона Кимовска 1, Ивановска 5, Стефаноска 4, Галачева 3.одбрани, Василева 6, Велјаноска, Трпевска 4, Коцева Борјана 8, Ива Кимовска, Тодоровска, Миленковска, Радевска 7, Ѓорѓиевска 2.одбрани, Милевска и Бојана Коцевска 4