Skip to content
Дома » Вести » Нова голема победа за кадетската екипа

Нова голема победа за кадетската екипа

    КАДЕТКИТЕ ДОЈДОА ДО 4/4, ПАДНА И ГЕВГЕЛИЈА????‍♀️

    Избраничките на Платон и Папуџиева, вечерва гостуваа во Гевгелија кај истоимената екипа. Во еден дуел во кој имавме контрола од почетокот до крајот победивме со 14-19 (5-11)⬅️

    Домаќинот отвори со гол за 1-0, тоа беше нивно прво и воедно последно водство на средбата. Со фуриозна серија 1-6 вардарки се одлепија на плус пет, при резултат 2-7. Со одлична игра ја зачуваме предноста до крајот на првиот дел и на одмор заминавме со шест гола повеќе, односно со резултат 5-11 за црвено-црните кадетки.

    Во вториот дел се играше речиси во текот на целиот период гол за гол, постојано бевме помеѓу 5 и 6 позитива. Победата дојде со резултат 14-19. Ова е 4-та победа во исто толку одиграни кола за нашите девојки

    Вардар: Хасаноска, Станковиќ, Стојанова 1, Франгоска, Божиновска 2, Јанева 1, Павичевиќ, Ристовска 2, Тодоровска 5, Поповска, И.Соколовска 1, Смилевска 1, Петрова, Миленкоска 6, Ѓорѓиева, Д.Соколовска.