Skip to content
Дома » Вести » Младинките ја продолжија победничката серија, десетти последователен триумф за враќање на лидерското место

Младинките ја продолжија победничката серија, десетти последователен триумф за враќање на лидерското место

    Младинките стигнаа до десеттата последователна победа во лигата, откако попладнево во салата „Круме Кепески“ беа подобри од екипата на ЖРК Куманово. Конечниот резултат гласеше 33:18 (15:6)

    Само едно и единствено водство за гостинската екипа и тоа на стартот кога го отвори резултатот, за вардарки да влезат во серија и да се одлепат резултатски, откако поведоа со 6:2, до крајот на првиот дел го контролираа резултатот и константно ја зголемуваа предноста, која на минути пред истекот на првите 30 минути беше и двоцифрена, за Куманово да намали, па на полувреме да се замине со предност од 15:6.

    Екипата на Куманово немаше сили за да внесе некаква резултатска неизвесност во второто полувреме. Избраничките на Платон и Царчев продолжија со силното темпо на игра и продолжија да го зголемуваат водството. Прашање беше само со колкава разлика ќе ја забележиме десеттата последователна победа, со која се враќаме на лидерската позиција во лигата. На крајот триумф за нашите младинки изразен со резултат 33:18.

    Вардар: Хасаноска ( 5 одбрани), Соколовска, Попова 3, Поповска 2, Вељановска 1, Борјана Коцева 6, Франгоска 1, Божиновска, Тодоровска 2, Миленоска 7, Радевска, Ѓорѓиевска (11 одбрани), Милевска 2, Шехтанска 5, Бојана Коцева 4.