Skip to content
Дома » Вести » Нова победа во лигата за сениорките, падна и Деспина

Нова победа во лигата за сениорките, падна и Деспина

    Во претпоследното коло од женската лига, вардарки успеаа да остварат нова победа и да ја продолжат низата. Како гости бевме подобри од Деспина со резултат 22-31 (6-13).

    Отворивме одлично на ова гостување во Прилеп со два врзани гола, кои беа дело на Борјана Коцева и Симона Василева. Домашниот тим со мини-серија изедначи на 3-3. Сепак ние покажавме квалитет и успеавме да се одлепиме со серија 1-4 на плус три при резултат 4-7, тоа беше во 14.минута. Веднаш клупата на противникот побара тајм-аут со цел да го прекине нашиот налет и да се врати резултатски во игра. Сепак се случи спротивното, за класа бевме подобри и разликата порасна на седум гола до пред крајот, на пауза заминавме со резултат 6-13 за нашиот состав.

    Вториот дел на натпреварот во Прилеп продолжи со иста динамика. Ние бевме тимот кој ја контролира играта и создава дополнително предност. Целиот ростер настапи и одигра одлично. Победата дојде со резултат 22-31. Со оваа победа ја продолживме низата на 11.натпревари со триумфи во серија во сениорската лига.

    Вардар: Илиќ 12.одбрани, Кимовска 2, Попова, Соколовска, Василева 6, Велјаноска 2, Франгоска, Бојана Коцева 5, Трпевска 4, Тодоровска, Радевска 1, Поповска, Миленкоска 6, Коцева Бојана 2, Ѓорѓиевска 8.одбрани и Милевска 3.