Нова победа за ЖРК Вардар

FILIP VIRANOVSKI

Нашата сениорска екипа ја оствари третата победа сезонава во женската Супер Лига. Во рамките на 5.коло, избраничките на Анжела Платон со високи 58:14 ја победија екипата на Шампион. На полувреме, резултатот гласеше 29:3.

Натпревар на кој немаше никаква резултатска неизвесност, тргнавме уште од стартот со предност од 6:2, во 6 минута од натпреварот, за до крајот на првиот дел гостинската екипа да постигне само еден погодок во нашата мрежа. Стрелците во нашите редови се менуваа како на филмска лента, а во првиот ден на нашиот гол беше Вероника Ѓорѓиевска која имаше 14 интервенции. На полувреме имавме високо водство од 29:3, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите во салата „Круме Кепески“.

Нашиот стратег, Анжела Платон, им даде шанса за игра на сите ракометарки кои беа на располагање за овој натпревар. Сите се запишаа во листата на стрелци и имаа свој придонес во високиот триумф. Во вториот дел на голот беше и младата Зорица Хасаноска, која запиша вкупно 7 одбрани.

Ова е трет триумф за вардарки, во рамките на групата В во првенството. Во новото коло, повторно не очекува домашен натревар, на гости ни пристигнува екипата на Деспина, која успеавме да ја совладаме на стартот од сезоната, натпревар кој се одигра во Прилеп.

На денешниот натпревар, се истакна Миленкоска која постигна 12 голови

Вардар: Хасаноска (7 одбрани), Ивона Кимовска 5, Соколовска 1, Н.Попова 4, Ј.Попова 6, Поповска 3, Велјаноска 3, Богојеска 4, Неделковска 3, Ива Кимовска 3, Божиновска 3, Тодоровска 4, Ѓорѓиевска (14 одбрани), Миленкоска 12, Милевска 3, Голабоска 4,