Skip to content
Дома » Вести » Пинерките како по ноти, 13/13 во лигата

Пинерките како по ноти, 13/13 во лигата

    Пионерките продолжија со 100% ефект во лигата, денес како домаќини на Кузман дојдоа до 13/13. Победата беше остварена со резултат 29-17.

    По првите пет минути беше релативно изедначено, имавме само гол предност. Затоа во наредните пет ги затворивме приодите кон нашиот гол и со серија 3-0, поведовме со четири плус при резултат 7-3 по голот на Мила Ристовска од пенал.

    Со головите на Стојанова и Ристовска се одлепивме на комотни шест плус во 17.минута при резултат 13-7, по што Кузмановска кормиларот на гостинот побара тајм-аут со цел да ја сопре нашата офанзива и постепеното резултатско одлепување. Конечните 16-9 за првиот период ги постави Неда Јанева на 15.секунди до крајот на првиот период.

    Во вториот дел продолживме со доминација, ротиравме од клупата, но ритамот остана исти. Некаде на половината на овој период водевме со 14.гола повеќе кога Јана Стојанова стрелаше за 25-11, односно бевме во серија 9-2 до тогаш. До крајот се беше рутина, победата дојде со високи 29-17. Се истакна денес голманката Петровска со 10.одбрани и Мила Ристовска со 8.погодока.

    Вардар: Петровска (10.одбрани), Гроздановска, Стојанова 5, Ангелов Инес 2, Јанева 6, Дамјановска 4, Ристовска 8, Здравковска, Павичевиќ 2, Херин, Ташевска, Петровска, Тодоровска Драгана 1, Стојкова и Манева 1.