Вардар подобар од Спартак, пионерките со висока победа ја започнаа сезоната

Пионерките ја запишаа првата победа во првенството, откако денес беа подобри од екипата на Спартак. Се работи за новоформирана екипа на Вардар, која успешно дебитираше во пионерската лига. Натпреварот кој се одигра во салата „Круме Кепески“ заврши во корист на вардарки, кои славеа со резултат 25:5 (15:3).

Стартот на натпреварот ни навести како ќе се одвива играта, кога избраничките на Вељаноска поведоа со 4:0, со два последователни голови на Петровска. Првиот гол екипата на Спартак го постигна во 6.минута за намалување на резултатот. Како одминуваше натпреварот, константно го зголемувавме водството, во 17 минута со голот на Милошевска поведовме со 14:2, додека на полувреме резултатот гласеше 15:3.

Во вториот дел направивме серија од 9:0 за убедливи 24:3. На крајот убедлива победа за нашите пионерки со резултат 25:5.

Вардар: М.Петровска, Стамчевска, Николовска, Гроздановска 3, Атанасовска 4, Милошевска 6, Смилевска, И.Вељаноска 1, Мајнов, Тошевска 3, Херин 2, С.Петровска 6, Маневска, А.Вељаноска, Настеска, Петрушева.