Skip to content
Дома » Вести » Продолжува победничката серија за пионерките

Продолжува победничката серија за пионерките

    Пионерките со 3/3, одиграа одличен дуел и го совладаа РК Делчево.

    Избраничките на Новеска и Атанасова во 3.коло во салата “Круме Кепески” беа домаќини на Делчево и високо го совладаа со 24-17.

    Гостинот на почетокот отвори со погодок за 0-1. Вардаровите пионерки наметнаа темпо и со голот на Мила Ристовска направивме пресврт и во 6.минита водевме со 4-2 по што Велков, тренерот на ривалот го побара првиот тајм-аут на натпреварот. Најголемата предност која ја имавме во првиот дел беше пет погодока кога за 8-3 погоди Павичевиќ. Успеавме со игра гол за гол на одмор да го однесеме дуелот со пет позитива. За време на паузата беше 12-7 за црвено-црните девојки, резултат кој беше активен во последните две минути по погодокот на Дамјаноска Сара која на истекот на 18.минута го постави овој резултат.

    Вториот дел започна како и првиот со погодок на Делчево, потоа следеше наша серија 4-0, за високи 16-8 кои ги постави Мила Ристовска од пенал. Малку се опуштивме, па имаше гостинот напад да намали на три негатива при 19-15, сепак на сцена стапи денес извонредната голманка, Ангелов Ноели. Повторно по овој момент влеговме во ритам и се одлепивме победивме со седум гола, односно со резултат 24-17.

    Вардар: Н.Ангелов, Б.Тодоровска, Стојанова 3, Ангелов И, Ѓуровска, Јанева 3, Дамјаноска 3, Петровска, Павичевиќ 5, М.Ристовска 6, Илијоска, Д.Тодоровска 2, Херин, Манева, С.Ристовска 2, Петровска.