Skip to content
Дома » Вести » Пионерките подобри од екипата на Металург Автокоманда

Пионерките подобри од екипата на Металург Автокоманда

    Пионерките стигнаа и до четвртата последователна победа во лигата. Денес избраничките на Новеска и Атанасова гостуваа кај тимот на Металург Автокоманда, од кој беа подобри со резултат 12:27 (5:14).

    Одлично издание на нашите пионерки, а самиот резултат говори за случувањата на теренот. Уште од стартот поведовме со 0:5, а веќе во првиот дел имавме двоцифрена предност, за домашниот тим на истекот на првите 20.минути да го намали резултатот на 5:14 кој беше актуелен на полувреме. Нашиот голман, Ноели Ангелов имаше неколку добри одбрани на натпреварот.

    Во вториот дел ја одржувавме и зголемувавме предноста во наша корист. На крајот победата дојде со 15 голови разлика, конечниот резултат на семафорот во салата „Гемиџии“ во Велес гласеше 12:27.

    Вардар: Ангелов, Тодороска 1, Стојанова 3, Ѓуровска, Јанева 3, Дамјаноска 2, Петровска, Павичевиќ 2, Мила Ристовска 4, Илијоска 3, Тодоровска 2, Херин, Манева, Сара Ристовска 5, Петровска 2.