Skip to content
Дома » Вести » Четврта победа во Супер лигата, вардарки подобри од Деспина

Четврта победа во Супер лигата, вардарки подобри од Деспина

    Екипата на ЖРК Вардар ја оствари и четвртата победа во рамките на групата В од женската Супер Лига. Избраничките на Платон и Кузмановска полесно од очекувањата стигнаа до триумф во соочувањето со екипата на Деспина, со резултат 39:18 ( 17:9).

    Стартот на натпреварот ни навести за случувањата на теренот, кога нашиот тим отвори фуризно со предност од 5:0, за гостите од Прилеп да се радуваат на својот прв гол во 7.минута од натпреварот. На голот одлично започна Вероника Ѓорѓиевска, која набрзина нареди неколку одбрани и речиси беше нерешлива енигма за противничките ракометарки.

    Последната резултатска неизвесност на овој натпревар во салата „Круме Кепески“ беше при резултат 8:5 во 13.минута, по што следеше серија на вардарки од 7:0, за највисоки 13:5, предност која ја одржувавме до истекот на првите 30.минути, кога резултатот гласеше 17:9.

    Првата двоцифрена предност се случи во 37 минута, кога Вардар поведе со 22:12, а нашиот стратег од клупата им даде шанса за игра на сите ракометарки.Предноста само растеше во наша корист, ние погодувавме од различни позиции, едноставно на теренот играше само една екипа. На крајот и висок триумф, иако во последните секунди пропуштивме шанса да го постигнеме и 40-сетиот гол на овој натпревар, сепак на крајот конечниот резултат гласеше 39:18.

    Најефикасна во нашите редови, повторно беше левото крило, Леона Миленкоска, која постигна 8 голови. На голот одлична Ѓорѓиевска со 14 одбрани, додека шанса доби и Галачева, која запиша 3 интервенции.

    Вардар: Кимовска 4, Соколовска 2, Н.Попова 1, Ј.Попова, Галачева (3 одбрани), Поповска 6, Велјаноска 1, Илиќ, Богојеска 6, Франговска 2, Неделковска 3, Радевска 1, Тодоровска 5, Ѓорѓиевска (14 одбрани), Миленкоска 8, Голабоска.