Нови бодови за сениорската екипа која беше подобра од Шампион
Четврта победа во серија за нашата сениорска екипа, која попладнево во спортската сала „Круме Кепески“ беше подобра од тимот на Шампион, на натпревар од 5.коло во Супер Лигата. Конечниот резултат гласеше 45-20 (23-10)
Натпреварот го отворивме со погодок на Бојана Коцева, на почетокот веднаш влеговме во серија ги затворивме приодите кон голот на Илиќ и со погодокот на Борјана Коцева во 5.минута се одлепивме на плус четири, При резултат 5-1. противничката клупа побара тајм аут во 13.минута, ние бевме во налет и водевме со високи 11-3.
На 10.минути до крајот на првиот дел дојдовме до до тогаш највисоки 12.гола предност, Василева Симона стрелаше за 17-5 по добар влез помеѓу одбраната на гостинот. На одмор се замина со 13.гола предност, по одбраната на Вероника Ѓорѓиевска на 15.секунди до крајот со предност 23-10 заминавме на пауза.
Вториот дел го започнавме на ист начин како што го завршивме првиот, со високо темпо. Веќе во 33.минута со голот на Радевска Бојана прв пат поведовме со 15.гола повеќе, на семафорот во салата ” Круме Кепески” беше 25-10. Царчев и Платон од клупата дадоа шанса на целиот ростер, сепак ние не загубивме на ритам.
Во 45.минута Шампион го зема последниот тајм аут за да ја прекине нашата серија, водевме со 21.гол повеќе по погодокот на Симона Василева за 36-15. Се до крајот беше формалност, победата дојде со високи 45-20.
Вардар: Стојчева Драгана 1, Кимовска Ивона 4, Ивановска Тамара 2, Попова Нина 1, Сара Стефаноска 1, Василева Симона 12, Галачева Марија, Михаела Вејановска 2, Илиќ Андреа, Коцева Борјана 5, Трпевска Ивона 9, Симоновска Сара, Кимовска Ива 2, Радевска Бојана 4, Вероника Ѓорѓиевска, Милевска Нина 2.
Голманите беа одлични: Вероника Ѓорѓиевска сопре 8.удари, Андреа Илиќ одбрани 6.топки, а Марија Галачева придодаде 5.одбрани.