Skip to content
Дома » Вести » Победнички старт на пролетниот дел за кадетките кои славеа на гостувањето во Делчево

Победнички старт на пролетниот дел за кадетките кои славеа на гостувањето во Делчево

    Кадетките со победа го отворија пролетниот дел од сезонава, откако вечерва славеа на гостувањето кај екипата на Делчево со резултат 22:31 (11:15)

    Натпреварот започна со погодок на домашниот тим, што се покажа како единствено водство на противникот на овој натпревар. Следеше серија на вардарки, со која се стекнаа со предност од 2:6, разлика од четири гола која истата гласеше и на полувреме. На моменти, Делчево се доближуваше резултатски кога намалуваше на два гола, на пет минути пред крајот беше и 10:11, но избраничките на Папуџиева имаа фуриозен финиш на првиот дел, кога на одмор заминаа со водство од 11:15.

    Неизвесноста траеше до некаде 35.минута кога последен пат, Делчево се закани на нашата предност, намалувајќи на 15:17, за разиграните вардарки да направат серија од 1:5 и да се одлепат на највисоки 16:22. Набргу стигна и двоцифрената предност од 19:29, а последните пет минити од натпреварот беа рутина за нашите кадетки кои на најдобар можен начин го отворија вториот дел од сезоната.

    Леона Миленкоска беше наша најефикасна ракометарка со 8 погодоци, додека Дона Тодоровска запиша 7 голови.

    ЖРК Вардар: Хасаноска, Трпкова 1, Деметра Франгоска 2, Божиновска 5, Јанева, Дамјановска, М.Ристовска 2, Дона Тодоровска 7, Драгана Тодоровска, Шехтанска 1, Смилевска, Петрова, Поповска 1, Миленкоска 8, Ѓорѓиева, Соколовска 3.