Со пресврт, пионерките се вратија од три гола негатива, за на крајот да го победат тимот на Чаир

Пионерките на Вардар со триумф се враќаат од гостувањето во Чаир, откако славеа со резултат 13:19 (8:6), на натпревар од 5.коло во првенството.
Натпреварот со погодок го отвори Петровска, а откако резултатот беше израмнет на 3:3, Чаир влезе во серија и поведе со највисоки 7:4, за на полувреме да имаат предност од два гола разлика (8:6), беше резултатот на семафорот после 20 минути игра.
Вардарки се „разбудија“ во второто полувреме, заиграа подобро и направија резултатски пресврт. Иако, домашниот тим ги врати оние највисоки три гола разлика (10:7), вардарки влегоа во серија од 0:4 и со погодоците на Тошевска, Атанасовска, Гроздановска и Милошевска, направи пресврт и поведе со 10:11 во 28 минута. Последните 12 минути од натпреварот поминаа во доминација на вардарки, кои не му дозволија на противникот да се врати во игра. Со погодоците на Гроздановска и Тошевска поведовме и со највисоки 11:15 во 34 минута, по што се навестуваше нашиот триумф, кој на крајот беше изразен со резултат 13:19.
Во нашиот тим најефиксна беше Варвара Атанасовска која постигна 6 голови, но секоја од девојките денес имаше свој придонес во триумфот. Честитки за избраничките на Новеска и Ажиевска за прикажаната игра и победата.

Вардар: Илина Живановска, Теа Станчевска, Ана Михајловска 2, Марија Гроздановска 4, Варвара Атанасовска 6, Мила Милошевска 1, Калина Смилевска 1, Матеа Павлески, Ангела Мајнов, Антонија Тошевска 2, Стефанија Петровска 3, Елена Маневска, Ханзаде Авџи, Ема Настеска, Бојана Стамчевска.
