Нова победа за пионерките во првенството

Вардаровите пионерки стигнаа до уште една победа, во рамките на групата Б од првенството. Во салата „Круме Кепески“ одигравме натпревар со екипата на Спартак, кој заврши во наша корист со резултат 14:27 (9:16).
Младите вардарки имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и ниту во еден момент не му дозволија на противникот да ја загрози нашата предност. Го отворивме овој натпревар со водство од 0:7, а истава разлика од седум погодоци ја имавме и на полувреме, кога резултатот гласеше 9:16.
Во вториот дел, набргу стигнавме и до двоцифрена предност (10:20), по што беше јасно кој ги освои бодови на овој натпревар од пионерската Лига. Рутински до крајот, стигнавме до нов триумф изразен со резултат 14:27.
Вардар: Илина Живановска, Бојана Стамчевска, Матеа Павлеска 1, Варвара Атанасовска 4, Миа Милошевска 2, Калина Смилевска 1, Ивана Вељановска 1, Кристина Здравковска 6, Ангела Мајнов 1, Антонија Тошевска 3, Ева Јакимовска, Стефанија Петровска 5, Елена Маневска 3, Лана Милевска, Мартина Переска.