Skip to content
Дома » Вести » Победа за пионерките на стартот од сезоната

Победа за пионерките на стартот од сезоната

    Со победа започна сезоната за нашите пионерки кои денес славеа на домашен терен на натпревар против екипата на Астибо. Натпреварот кој се одигра во спортската сала „Круме Кепески“ заврши во наша корист со резултат 31:11 (14:8).

    Избраничките на Новеска и Атанасова имаа контрола на играта и резултатот во текот на сите 40.минути. Уште на стартот поведовме со 3:1, а последен пат Астибо резултатски се доближи на 5:4, по што следеше наша серија за водство од 9:4. До крајот на првиот дел ја одрживме предноста и на одмор заминавме со резултат 14:8.

    По пет минути игра во вториот дел имавме и двоцифрена предност од 19:9, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој прв натпревар во пионерската Супер Лига. Шанса за игра добија сите ракометарки, кои ја оправдаа довербата на теренот. Разликата постојано растеше, за конечниот резултат да гласи 31:11.

    Вардар: Н.Ангелов, Тодороска, Стојанова 1, И.Ангелов, Стојановска, Јанева 3, Дамјаноска 4, Петровска, Павичевиќ 6, М.Ристовска 6, Илијоска 3, Тодоровска 2, Херин, Манева, С.Ристовска 6, Петровска.