Skip to content
Дома » Вести » „Скршен“ лидерот во гости, сега кадетките наши се на врвот и со отворен пат кон пехар

„Скршен“ лидерот во гости, сега кадетките наши се на врвот и со отворен пат кон пехар

    …..Велат како се станува шампион, така што излегуваш на терен кога е најтешко и победуваш….

    Токму тоа денес го направија кадетките на ЖРК Вардар, бевме второпласирани на табелата уште од есента, по ремито дома со Стружанка ривалот ја имаше лидерската позиција до денес, дури и се одлепи на два бода пред половина месец. Сепак денес во гости кај нив со убедлива игра, на моменти и доминантна, девојките на Папуџиева играа како по ноти и со 22-27, го преземаа лидерското место и итат кон пехарот.

    Ние поведовме со еден погодок, ривалот успеа да врати за почетни 1-1, постојано се играше околу резултатската симетрија, еден тим поведуваше со еден гол другиот изедначуваше. Така беше се до резултат 8-8, домаќинот кој влезе како лидер на табелата, даваше силен отпор. Тука дојде црвено-црниот блесок, ги затворивме приодите кон нашиот гол, во нападот казнувавме и со серија 0-4 се одлепивме на 8-12. Домашниот тим по ова се обиде да ја намали и да ја направи пристојна гол разликата пред одморот, сепак на нивните два гола одговоривме со четири, и на одмор заминавме со комотни плус шест, 10-16.

    Вториот дел, го започнавме мудро, знаевме дека со победа денес конечно по пауза од неколку месеци ќе го преземе врвот на само две кола до крајот и ќе имаме отворена патека до пехарот. Влегова девојките на Папуџиева Марија со цело срце, и за кратко го решија дуелот кога на почетокот поведоа со високи 8.гола при резултат 12-20. До крајот остана само да „танцуваме“ и да играме игра гол за гол, или да дозволиме само минимално намалување на предноста, успеавме во тоа и победивме со резултат 22-27. Кај нас три девојки имаа 5-ки зад своето име: Шехтанска , Смилевска и Дона Тодоровска.

    ПО ОВА КОЛО НИЕ СМЕ ЛИДЕРИ, СЕГА ВАРДАР ИМА 32.БОДА, СТРУЖАНКА ИМА 31, ПРЕД НАС СЕ ЧЕТИРИ КОЛА СО ЕКИПИ ОД ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ТАБЕЛАТА, ДОКОЛКУ ГИ ДОБИЕМЕ СИТЕ ШАМПИОНСКАТА КРУНА ЌЕ ЈА „ОБОИМЕ“ ЦРВЕНО-ЦРНО. ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ ДЕВОЈКИ И ДО КОРМИЛАРОТ ПАПУЏИЕВА.

    Вардар: Хасановска, Стојанова 2, Франгоска 2, Боќиновска, Јанева, Павичевиќ, Дамјаноска, Ристовска Мила 1, Тодоровска Дона 5, Тодоровска Драгана, Шехтанска 5, Смилевска 5, Попова 2, Миленкоска 4, Ѓорѓиовска, Соколовска 1.