Skip to content
Дома » Вести » Пораз во полуфиналето на Купот од екипата на Чаир

Пораз во полуфиналето на Купот од екипата на Чаир

    На завршниот турнир во Купот на Македонија, во рамките на полуфиналето нашиот тим беше поразен од тимот на Чаир. Конечниот резултат гласеше 28:32 (13:14).

    Избраничките на Платон и Царчев дадоа се од себе да го изненадат противникот, имавме периоди на добра игра, кога успевме од пет гола негатива да се вратиме во игра во првиот дел од натпреварот, сепак на крајот Чаир беше тимот кој славеше и се пласираше во полуфиналето на Купот.

    Со головите на Василева и Коцева Борјана успеавме да поведеме со 2-1 на стартот на ова полуфинале. Следеа минути во кој противникот успеа да направи пресврт и да поведе со пет гола, беше 5-10 на семафарот во СЦ.Борис Трајковски по што Анжела Платон побара тајм-аут во 16.минута. Тоа всушност беше и серија на противникот од пет последователни погодоци.

    Заигравме поангажирано во одбраната, на тоа Ѓорѓиевска додаде неколку одбрани, па дојдовме само на гол негатива. Со голот на Миленкоска од пенал намаливме пред крајот на 11-12 и внесовме резултатска неизвесност во ова Куп соочување. Конечно во финишот успеавме да израмниме, откако повторно погоди Миленкоска за 13- 13 на минута пред крајот. На одмор противникот замина со гол предност, односно со водство од 13-14.

    Чаир со гол го отвори второто полувреме, за ние да вратиме со погодок на Василева за 14-15, подоцна и Трпевска погоди за 17-18, за Чаир да сврзе два гола во серија и да поведе со 17-20. Во продолжение од натпреварот, противникот одржуваше разлика која се движеше од 3-4 гола.

    Чуварот на мрежата на Чаир беше расположена на голот, во периоди кога можевме да ја симнеме негативата на два гола, Митровиќ одбрани неколку топки. На средината на вториот дел на нашиот гол се врати Илиќ, која исто така имаше интервенции.

    Ние се обидувавме да се вратиме во игра, при резултат 23-29 направивме серија од 3-0 и намаливме на 26-29, но немаше многу време за поголеми возбудувања. На крајот Чаир славеше победа со резултат 28-32.

    ЖРК Вардар: Кимовска, Попова 2, Василева 7, Велјаноска, Илиќ ( 5 одбрани), Борјана Коцева 6, Деметра Франгоска, Трпевска 3, Поповска, Тодоровска 1, Радевска 2, Ѓорѓиевска ( 5 одбрани ), Миленкоска 5, Милевска, Шехтанска, Бојана Коцева 2.