Skip to content
Дома » Вести » Минимален пораз од Куманово во дербито

Минимален пораз од Куманово во дербито

    Вардар како домаќин беше поразен од Куманово со 24-25, пропуштивме шанса за реми во последните секунди

    Противникот отвори подобро со 2-4 по 8.минути ракомет. Во 17.минута на резултат 3-7, Царчев побара тајм-аут со цел да го сопре налетот на ривалот. Илиќ врза две одбрани, па со головите на Сара Стефаноска и Трпевска Ивона од пенал ја преполовивме предноста на Куманово на два гола при резултат 5-7. Имавме шанса за реми, Вероника Ѓорѓиевска влезе од клупа и одбрани пенал за нас, потоа ние добивме пенал за изедначување при негатива од 7-8 кој не го погодивме. На одмор заминавме со три гола заостанување, односно со резултат 9-12 за кумановки.

    Најголемата негатива од минус пет ја имавме во 34.минита при резултат 9-14. Сепак вардарки се бореа и се вратија во игра, во 41.минута по одбрана на Вероника Ѓорѓиевска во напад погоди Стефаноска за 15-17. Во последната четвртина од натпреварот влеговме со активен резултат на семафорот во салата “Круме Кепески беше “, 17-18.

    Вистинска драма донесе последната минута, при резултат 24-25 гостинот имаше напад ние се одбраниме и имавме 6.секунди за изедначување. Побаравме тајм-аут и напаѓавме, сепак не успеавме во тоа.

    Вардар: Кимовска Ивона, Ивановска 3, Попова 1, Стефаноска 6, Галачева, Василева 4, Велјаноска, Илиќ 8.одбрани, Коцева Борјана 2, Трпевска 4, Кимовска Ива, Тодоровска, Миленковска, Радевска 2, Коцева Бојана 2, Вероника Ѓорѓиевска 9.одбрани.