Пораз во последното коло

◇Црвено-црните дами го одиграа последното коло во оваа година, сосема очекувано не совлада шампионот Ѓорче Петров-ЖРК на наш терен во еден натпревар каде влеговме десеткувани поради повреди и одиграа нашите дами борбен натпревар.

■Платон делумно поради повреди, а и заради тактичко изненадување тргна со Велјаноска како пикер, Попова Јасмина во аголот, а Трифуноска на бековската позиција. Тоа донесе плод и мака за одбраната натпревар шампионите. Поведовме преку Велјаноска, ривалот изедначи на 1-1. Вардарки играа рамноправно до 20.минута, постојано на семафорот имаше резултатска симетрија односно реми исход. Вардарки покажаа дека се борбен и квалитетен млад тим. Во 21.минута беше 11-12, последните десетина минути му припадна на ривалот кој направи серија и успеа да заминеме на одмор со резултатска позитива 16-21.

■Во вториот период на овој суперлигашки натпревар кој е последен во 2025 пред зимска пауза во првенството гледавме борбен натпревар. Црвено-црните дами одиграа коректно и беа поразени со резултат 27-36. Секако овој исход не го загрози нашето 4.место на табелата зад тројката која атакува на пехар, а пред остатокот од лигата. Миленкоска беше повторно одлична со 11.погодоци.

🔴⚫️ Вардар: Трифуноска 3, Ј.Попова 3, Тодоровска Дона 3, Балоска, Неделковска 3, Илиќ 5.одбрани, Голабоска, Галачева 3.одбрани, Велјаноска 2, Тодоровска Драгана 3, Поповска 1, Ѓорѓиевска 3.одбрани, Миленкоска 11 и Ристовска 1.