Миленкоска и Илиќ со повик за турнирот во Турција

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за меѓународниот пријателски турнир во Анкара, Турција.
Македонија ќе игра против Турција на 5 декември од 14:00 часот, пресметката со Словенија е на 6 декември од 12:00 часот, додека турнирот го затвораме со дуел против Словачка на 7 декември од 10:00 часот.
Повикани се две девојки од Вардар, собирот е на 28 ноември од 12:00 часот во Кавадарци, каде ќе се одвиваат тренинзите пред заминувањето за Анкара.

