Skip to content
Дома » Вести » Шест ракометарки од нашиот клуб се најдоа на списокот на селекторот Јанев за СП

Шест ракометарки од нашиот клуб се најдоа на списокот на селекторот Јанев за СП

    Стручниот штаб и тренер-селекторот на женската младинска ракометна репрезентација Дарко Јанев го објави списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојното светско ракометно првенство 24th IHF Women’s Junior World Championship 2024 во Скопје.

    Нашиот клуб е застапен со најмногу ракометарки, вкупно 6 на списокот на селекторот Јанев. На подготовките во Маврово ќе заминат голманката Вероника Ѓорѓиевска, потоа сестрите Борјана и Бојана Коцева, Леона Миленкоска, Бојана Радевска и Нина Попова.

    На списокот на резерви се наоѓа и нашата Дона Тодоровска.

    На претстојното 24th IHF Women’s Junior World Championship 2024 кое ќе се одржи во период од 19-ти до 30-ти Јуни, нашата женската младинска ракометна репрезентација е дел од групата Х заедно со репрезентациите Ангола, САД и Исланд.