ЖРК Вардар и во новата сезона ќе има своја екипа во пионерската, кадетската и младинската лига
Женскиот ракометен клуб Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе има свои екипи во младинските лиги.
Стартот на сезоната во пионерската и младинската женска лига е предвиден за претстојниов викенд, додека кадетската лига ќе започне на 26/27.октомври.
Нашите кадетки и младинки го бранат трофејот од минатата сезона, додека пионерките успеаа да го освојат бронзениот медал.
Пионерките ќе се натпреваруваат во групата Б, во која се уште и екипите на Младост, Астибо, Металург и Спартак.
Распоред на натпревари за нашите пионерки во есенскиот дел од сезоната:
1 .коло: Вардар – Спартак 19/20.10
2. коло: Металург – Вардар 26/27.10
3. коло: Вардар – Младост 02/03.11
4. коло: Астибо – Вардар 09/10.11
5. коло: слободни
6 коло: Спартак – Вардар 23/24.11
7. коло: Вардар – Металург 30.11/01.12
8. коло: Младост – Вардар 07/08.12
9. коло: Вардар – Астибо 14/15.12
10. коло: слободни
Кадетките се дел од групата А, во која ќе бидат и екипите на Гевгелија, Делчево, Металург, Овче Поле и Куманово.
Распоред на натпревари за нашите кадетки во есенскиот дел од сезоната:
- коло: Вардар – Гевгелија 26/27.10
- коло: Вардар – Делчево 02/03.11
- коло: Овче Поле – Вардар 09/10.11
- коло: Вардар – Куманово 16/17.11
- коло: Металург – Вардар 23/24.11
Во младинската лига ќе се натпреваруваат екипите на Вардар, Скопје, Илинден, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
Распоред на натпревари за нашите младинки во есенскиот дел од сезоната:
- коло: Вардар – Илинден 19/20.10
- коло: Скопје – Вардар 23/24.10
- коло: слободни
- коло: Вардар – Ѓорче Петров 02/03.11
- коло: Металург Автокоманда – Вардар 16/17.11
- коло: Илинден – Вардар 23/24.11
- коло: Вардар – Скопје 30.11/01.12
- коло: слободни
- коло: Ѓорче Петров – Вардар 14/15.12
- коло: Вардар – Металург Автокоманда 21/22.12