Вардар потврдија седум бекови, списокот и понатаму отворен

🔷Полека во сите линии на тимот се назираат контурите за идната сезона. Раководството успеа да ги задржи девојките на голманската, пикерската и крилната позиција. Исто така и на надворешната, бековска линија има голем број на потврдени девојки, речиси сите кои имаа улога во тимот.

🔷️️Во црвено-црната екипа остануваат: Нина Милевска млад и перспективен бек. Искусната Јасмина Попова која минатата сезона се врати во нашите редови. Потоа младата и талентирана Тодоровска Дона, капитенот и МВП на шампионскиот кадетски состав Ристовска Мила. Како и девојките кои минатата сезона дојдоа во нашиот табор, преземаа товар и остануваат од есен во вардаровиот колектив, искусните Неделковска Нина, Голабоска Марија и Балоска Елена.

🔷️Треба да напоменеме дека ростерот за сезоната 2025/26, односно списокот на играчи не е затворен, клубот е во преговори па се очекува дополнување на истиот.