Седум вардарки дел од кадетската репрезентација за претстојниите натпреварувања

Селекторот на женската кадетска репрезентација, Даниела В. Новеска го објави списокот на ракометарки на собир за подготовки и настап на Европски младински фестивал (EYOF) 2025 и W17 EHF EURO.

На претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 кое се оддржува во период од 21.07 до 26.07.2025, нашата кадетска женска селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Швајцарија, Норвешка и Исланд, а своите натпревари ќе ги играат во СЦ Јане Сандански.

На W17 EHF EURO 2025 кадетската женска селекција на Македонија е дел од групата Б заедно со селекциите на Германија , Португалија и Словачка. W17 EHF EURO ќе се оддржи во Црна Гора во Подгорица во период од 30.07 до 10.08.2025 година.

Дел од националната млада репрезентација ќе бидат и ракометарките на Вардар, Симона Миноска, Драгана Тодороска, Елена Балоска, Мила Ристовска, Ивана Трифуноска, Јована Павиќевиќ и Јана Стојанова.