Сениорската екипа успеа да излезе како победник на контролниот натпревар со репрезентацијата на Велика Британија. Натпреварот кој вечерва се одигра во СЦ.Јане Сандански заврши во наша корист со резултат 29:25 (16:14).
Во најголем дел од натпреварот имавме предност, која во првиот дел во еден момент достигна и седум гола разлика. Во првите осум минути од натпреварот, во три наврати противникот имаше водство од еден гол разлика, за при резултат 4:4, избраничките на Царчев и Платон да направат серија од 8:1 и да поведат со највисоки 12:5. Репрезентацијата на Велика Британија се врати во игра, кога намали на само два гола негатива (13:11), додека на полувреме се замина со резултат 16:14.
Во вториот дел, нашиот тим не дозволи ниту во еден момент да ја испушти предноста. Повторно се одлепивме на пет гола разлика, кога резултатот на семафорот беше 21:16. Велика Британија не успеа да се врати во игра и да го однесе натпреварот во неизвесност. Ние имавме и шест гола предност, за на крајот да славиме триумф со резултат 29:25.
Најефикасни во нашиот состав беа Ивона Трпевска со 8 гола и Дона Тодоровска со 6. Тамара Ивановска и Симона Василева имаа по 5 погодоци. На голот, Вероника Ѓорѓиевска запиша 14 одбрани и постигна еден
На овој натпревар бевме без Андреа Илиќ, Борјана и Бојана Коцева, Сара Стефаноска и Леона Миленкоска, кои се со репрезентацијата.