Вардар ќе “лета” на проверени крила, задржани сите девојки

🔷️Вардар продолжува со екипирањето на тимот за идната сезона, по задржувањето на голманскиот квартет, успеавме да го задржиме и пикерското трио за што веќе објавивме вести. Кога сме кај крилните играчи ситуација е иста и овде ланските девојки кои поднесоа терет во натпреварувањата и имаа одлична сезона ги задржавме и за новата 2025/26 во црвено-црна екипа.
🔷️Останува првиот стрелец на црвено-црните во сениорскиот конкуренција Миленкоска Леона. Во првиот тим ќе биде и одличната оваа пролет Трифуновска Ивана. Црвено-црните ја задржуваат и константната Кимовска Ива. Како и двете млади одлични крилни играчи, Тодоровска Драгана и Јана Стојанова.