Skip to content
Дома » Вести » Сара Стефаноска: Не очекува интересен натпревар со Металург Автокоманда, чувството да се игра за националниот дрес е неверојатно

Сара Стефаноска: Не очекува интересен натпревар со Металург Автокоманда, чувството да се игра за националниот дрес е неверојатно

    После паузата поради ЕХФ неделата, продолжуваат натпреварите од 10.коло во Супер Лигата. Нашиот тим во петок на домашен терен во дербито на колото ќе го пречека тимот на Металург Автокоманда.

    Дербито со Металург Автокоманда го најавува нашиот играч, Сара Стефаноска која ветува интересен дуел за гледачите во салата „Круме Кепески“. Стефаноска е веќе петта година дел од Вардар, клуб во кој ги помина и младинските категории. Нејзиниот квалитет беше препознаен од настапите во „Јуниор Лигата“ кога настапуваше за РК Кале од Кичево.

    -Се среќаваме со добра екипа, борбена и добро организирана, поради тоа мора многу паметно да играме . Ние ќе дадеме се од себе , а резултатот на крај ќе го покаже подобриот. Со сигурност можам да кажам дека претстои интересен дуел, на кој можат да решаваат нијанси за конечниот победник. Ние напорно тренираме и се подготвувавме за овој натпревар.

    Сара дебитираше за сениорката репрезентацијата на Македонија, која изминатиов викенд одигра два контролни натпревари со репрезентација на Велика Британија. Добрите игри во Вардар беа препорака за селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб, да и дадат шанса на Сара да ги покаже своите квалитети кои несомнено е дека ги поседува.

    Сонот се оствари, со напорна работа, труд и дисциплина. Напорно трениравме, игравме како едно и мислам дека тоа успеавме да го покажеме на терен. Одигравме два квалитетни натпревари кои беа можност да го покажеме тоа што го поседуваме. Чувството да се игра за националниот дрес е неверојатно, а задоволството е мое .

    После девет одиграни кола во Супер Лигата, нашата екипа се наоѓа на второто место на табелата со еднаков број на освоени бодови со екипата на Чаир, зад лидерот во лигата, тимот на Ѓорче Петров. Нашиот следен противник е на четвртата позиција на табелата, со еден бод помалку од Вардар.

    Со оглед на тоа што сме на половина и не сум баш задоволна од постигнатото, мислам дека не се покажавме во најдобро светло. Се надевам дека до крајот на оваа полусезона ќе се сменат работите, овој тим на Вардар знае и може да игра подобро.

    Вардар и Металург Автокоманда имаа можност да одиграа натпревар во подготвителниот период, кој го доби тимот предводен од Алексадар Царчев и Анжела Платон.

    На пријателскиот натпревар во припремниот период и двете екипи тестиравме. Нние имавме новитети, а противникот се целосно нова екипа. Сега сме добро воиграни и мислам дека ќе следи многу повозбудлив дуел од споменатиов.

    Вардар минатата сезона беше финалист во Купот на Македонија, каде загуби од екипата на Куманово, додека во првенството заврши на четвртата позиција.

    Минатата сезона несреќно завршивме на второто место во Купот, мислам дека и сезонава нема да отстапиме од тоа финале. Се надевам дека и во првенството ќе се искачиме на некое ниво погоре оваа сезона .

    За крај, Сара има една желба која сака да ја исполни во дресот на Вардар.

    Посакувам еден ден Вардар да го вратиме барем приближно до тоа што беше пред неколку години .