Вардарки одиграа „тест-натпревар“ со Гвинеа

Вчера во салата „Круме Кепески“, младинките на ЖРК Вардар одиграа контролен натпревар со јуниорската селекцијата на Гвинеа. Одлична средба се одигра која е ново искуство за нашите девојки, резултатски напреварот беше речиси изедначен. Гостинот од Африка дојде до минимална победа со резултат 23-24 на оваа средба.

Африканската селекција имаше подобар старт на дуелот и поведе со 1-4 на почетокот. По овој момент црвено-црните младинки влегоа во ритам и направија серија 6-1 со која дојдоа до пресврт и водство со резултат 7-5. Сепак гостите успеаа да се вратат и на одмор се замина со резултатска симетрија 10-10.

Вториот дел ние го отворивме како што противникот го започна првиот со четири гола во мрежата на противникот, а дозволивме само еден во сопствената за почетни 14-11. Следеше серија на ривалот кој со 0-5 направи пресврт и поведе со 14-15. До крајот двата тима изедначуваа или поверуваа со еден гол. Победата ја остварија противниците со конечни 23-24.

Вардар: Стојчевска, Соколовска, Попова 2, Стефаноска 5, Галачева, Поповска, Велјаноска 1, Коцева 4, Божиновска, Тодоровска 2, Симоновска, Ѓорѓиева, Радевска 2, Ѓорѓиевска (12 одбрани), Миленкоска 6, Милевска 1