Вардарки се надигруваа со екипа од Данска

Нашиот клуб денес имаше можност да одигра пријателски натпревар против екипа, која доаѓа од Данска, земја која важи за една од најдобрите во светскиот ракомет. Наш гостин беше тимот на So Хоје Елите. Натпреварот се одигра во малата сала на С.Ц.Јане Сандански, кој го добија гостите од Данска со резултат 22:24 (11:11).

Нашиот тим денес играше во комбиниран состав кој го сочинуваа претежно млади ракометарки, додека поискусните првотимки одмараа, со оглед дека утре не очекува натпревар во Супер Лигата против екипата на Ѓорче Петров.

Одлично го стартувавме овој натпревар, на кој имавме почетна предност од 5:0, додека гостинките од Данска на својот прв погодок се радуваа во 9.минута од натпреварот. Балоска беше играчот кој го отвори резултатот, за со погодоци да продолжиме преку Дона Тодоровска, Леона Франгоска и Дафина Соколовска за водство од 5:0.

Како одминуваше првиот дел, екипата од Данска полека се враќаше резултатски и започна да ја топи нашата предност. После 19.минути игра на семафорот стоеше резулат 8:6, за Јана Стојанова да зголеми на 9:6, но So Хоје Елите направи серија и за прв пат во 23.минута од овој натпревар се стекна со водство од 9:10. На полувреме, се замина со нерешени 11:11.

Гледавме динамичен и брз натпревар од двете екипи, нашата предност ја врати Драгана Тодоровска, додека со погодокот на Сара Ристовска имавме водство од 16:14, по што противничкиот тренер побара минута одмор.

На нашиот гол застана Симона Миноска, која ќе ја пофалиме со неколку одбранети зицер удари, која во тие моменти не дозволи да се израмни резултатот.

Мила Ристовска зголеми на 17:15, за во 21 минута противникот да поведе со 18:20. Избраничките на Платон и Новеска се вратија во игра, кога со голот на Сара Ристовска израмнивме на 20:20. Во финишот подобро се снајде противникот, кој успеа да слави со резултат 22:24.

Големо искуство за сите наши ракометарки кои денес настапија на теренот. Благодарност и до екипата на So Хоје Елите за гостувањето во Скопје и можноста да одиграме пријателски натпревар. Секако, има само позитивни и добри спомени кои ќе останат од двете екипи.



Вардар: Ивана Трифуноска, Дона Тодоровска 3, Јана Стојанова 1, Елена Балоска 1, Бојана Божиновска, Мила Ристовска 1, Симона Миноска, Леона Деметра Франгоска 3, Драгана Тодоровска 4, Мила Николовска, Мила Манева, Јана Поповска, Леона Миленкоска 4, Вероника Ѓорѓиевска, Сара Ристовска 3, Дафина Соколовска 2.