Три национални признанија за најуспешните македонски спортисти завршија кај легендите кои се дел од ЖРК Вардар

🔹️Пред неколку дена со свечена атмосфера беа доделени националните признанија за најуспешните македонски спортисти, кои со своите достигнувања оставиле длабок белег во спортската историја на нашата земја.

🔷️Признанијата ги доделија Министерот за спорт Борко Ристовски и Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски , како знак на благодарност и признание за извонредните резултати и посветеноста на овие врвни спортисти.

🔷️Голем дел од добитниците се ракометари и ракометарки. Од нашиот Вардар признанија добија претседателот на клубот Гордана Нацева која го подигна како капитен единствениот европски шампионски пехар во мак.историјата и остави значаен белег во црвено-жолтата селекција. Исто признанија доби и нашиот тренер, Анжела Платон која даде исто така блескави партии во кариерата за клубскиот и репрезентативниот македонски ракомет. Носител на ова признание и нашиот директор, Кастратовиќ Индира која покрај европската круна има и најдобар скор како стрелец на едно СП

🔷️Oва признание претставува поттик за идните генерации спортисти , кои преку труд и посветеност можат да продолжат да го градат македонскиот спортски идентитет.