Skip to content
Дома » Вести » Убедлив триумф за младинките

Убедлив триумф за младинките

    Младинките убедливи кај Шампион

    Младинките на Вардар гостуваа кај тимот на Шампион, продолжуваме со 100% ефект во лигата по победата со резултат 15-43⬅️

    Отворивме фуриозно на ова гостување, на самиот почеток поведовме со осум гола при резултат 1-9. На одмор се замина со 14.гола повеќе, на семафорот во салата Круме Кепески стоеше 7-21 за црвено-црните младинки. Вардарки беа тимот кој диктираше темпо на средбата.

    На почетокот на вториот дел отидовме на 20 плус, при резултат 8-28. Се до крајот беше формалност, добија шанса сите девојки и покажаа квалитет победата дојде со убедливи 15-43????????‍♀️

    Вардар: Стојчевска 1, Соколовска 1, Попова, Стефаноска 3, Галачева (8 одбрани), Поповска 2, Велјаноска 4, Бор.Коцева 6, Божиновска 1, Тодоровска 7, Симоновска 1, Радевска 1, Ѓорѓиевска (11 одбрани), Миленкоска 7, Милевска 3, Бој.Коцева 5