Убедлива победа над Спартак

●Вардарки се зацврстија на четвртата позиција на табелата по денешната гостинска победа кај екипата на Спартак. Црвено-црните избраничките на Платон и Кузмановска победија со високи 20:30 (11:17) на оваа средба.
■ Натпреварот започна со наш погодок по што следеа два на домаќинот за пресврт, прво водство со 2-1 кое подоцна се покажа како и последно за нив денес. Црвено-црните дами ја преземаа иницијативата Миленкоска, Попова и Кимовска направија серија 0-3 по кое ние го преземавме водството во 7.минута при резултат 2-4 и не го пропуштивме се до крајот на натпреварот. Спартанки се бореа се негде до средината на првиот дел кога имавме минимални 6-7. Во втората половина на овој период постепено ја зголемивме предноста над ривалот. На пауза заминавме со шест гола повеќе односно со резултат 11-17 за нашите девојки.
■ Во вториот дел на натпреварот во Круме Кепески го задржавме ритамот, некаде на средината на истиот во 45.минута со погодок на Поповска Јасмина која денес одигра одлично поведовме со 15-24 па беше јасно дека до крајот се е формалност, рутински ја одработиме победата која дојде со двоцифрена предност, триумфиравме со 20-30. Кај нас Миленкоска беше прв стрелец со 9.погодока.
❤️🖤 Вардар: Трифуноска 3, Кимовска 2, Ј.Попова 4, Тодоровска Дона 3, Н.Попова 1, Неделковска 2, Илиќ, Галачева, Голабоска 4, Велјаноска, Тодоровска Драгана, Поповска 1, Миленкоска 9, Ѓорѓиевска и Милевска.
