Утре ќе биде познат новиот Шампион во кадетска конкуренција, Вардар во полуфиналето ќе игра со екипата на Пелистер

Утре на програмата е завршниот турнир на најдобрите четири екипи во регуларниот дел од сезоната во женската кадетска лига.

Во полуфиналето од групата А, се пласираа екипите на Вардар и Металург, додека од групата Б, пласман на Ф4 обезбедија екипите на Пелистер и Стружанка.

Вардарки со максимален број на освоени бодови, финишираа во регуларниот дел од сезоната, на осум одиграни натпревари остваривме исто толку победи. Нашиот противник во полуфиналето, екипата на Пелистер исто така имаше максимален број на освоени бодови во групата Б.

Завршниот турнир ќе се одигра во салата „Јован Калаузи“ во Битола.

Во првото 1/2 финале ќе играат екипите на Вардар и Металург, натпревар кој ќе стартува од 11:00 часот, додека во второто полуфинале кое стартува од 13:00 часот, ќе играат екипите на Металург и Стружанка. Истиов ден, на програмата е големото финале, како и натпреварот за третто место. Вардар го брани трофејот освоен од минатата сезона.