Вардар во новата сезона ќе се натпреварува во пионерска и кадетска лига

Во натпреварувачката 2025/26 сезона, ЖРК Вардар ќе се натпреварува во пионерска и кадетска лига.

Во пионерската лига ќе се натпреваруваат екипите на Вардар, Шампион, Јехона, Ѓорче Петров, Охрид, Струга, Астибо, Кале Кичево, Чаир, Спартак, Металург Автокоманда и Илинден Вардар.

Во првото коло кое е закажано за 20/21.09 на домашен терен ќе го пречекаме тимот на ЖРК Шампион. Распоред на натпревари можете да го погледнете на линкот, ТУКА.

Кадетската лига ќе брои 8 екипи, каде покрај Вардар ќе се натпреваруваат уште и екипите на Гевгелија Југ, Младост Ресен 2002, Металург Автокоманда, Овче Поле СУ, Стружанка, и Деспина.

Сезоната во кадетската лига ја стартуваме на 04/05.10, со гостување кај екипата на Гевгелија Југ. Распоред на натпревари можете да го погледнете на линкот, ТУКА.