Вардар против Спартак, ја оствари првата победа сезонава во Супер лигата

Вардарки ја остварија првата победа во новата сезона на Супер Лигата. Во рамките на 3.коло, нашиот состав во салата „Круме Кепески“ излезе како победник во соочувањето со екипата на РК Спартак. Конечниот резултат гласеше 29:26 (19:10).

Во текот на целиот натпревар имавме контрола на резултатот и ниту во еден момент не беше загрозена нашата предност, иако на крајот противникот се избори за достоен пораз. Натпреварот со гол го отвори Галабоска, за после резултат 2:2, Вардар да влезе во серија од 3:0 и со два погодоци на Неделковска и еден на Миленкоска, да поведе со 5:2 после 6 минути игра.

Како одминуваше првото полувреме растеше водството во наша корист. На средината на првиот дел со голот на Јасмина Попова имавме предност од 10:5, додека по 20 минути игра со голот на Дона Тодоровска, стигнавме до највисоки 13:6. На полувреме успеавме да заминеме со висока позитива од девет гола разлика, односно резултатот после 30 минути игра во салата „Круме Кепески“ гласеше 19:10.

Во вториот дел ја одржувавме предноста, прв пат имавме двоцифрено водство, кога погоди најефикасната на овој меч, Јасмина Попова, за 26:16 после 43 минути игра. Вардарки во завршните 12 минути влегоа со водство од 27:20, сепак до крајот екипата на Спартак ја ублажи негативата и се избори за достоен пораз. Конечниот резултат гласеше 29:26.

Вардар: Мила Ристовска, Ивона Кимовска 1, Јасмина Попова 7, Дона Тодоровска 2, Елена Балоска, Нина Попова 5, Нина Неделковска 4, Јована Павичевиќ, Марија Галабоска 4, Михаела Велјаноска 1, Јана Поповска, Андреа Илиќ, Леона Миленкоска 5, Вероника Ѓорѓиевска, Нина Милевска.
