Вардарки поразени во младинското дерби од Металург Автокоманда

Вардарки го загубија дербито во младинската лига од екипата на Металург Автокоманда. Натпреварот кој се одигра вечерва во салата „Круме Кепески“ заврши со резултат 22:25 (9:12).

Откако и двете екипи го постигнаа својот прв гол, за нас стрелец беше Мила Ристовска, екипата на Металург Автокоманда во 11 минута се одлепи на предност од 2:5, откако нивниот голман успеа да одбрани два седмерци. Серијата на гостите ја прекина Дона Тодоровска, за нашиот голман Хасаноска да погоди од својот гол и да го намали резултатот на 4:5.

Второто израмнување на натпреварот се случи во 19.минута кога Дафина Соколовска погоди за 6:6, на нашиот гол неколку интервенции имаше Хасаноска. Во следниот период екипата на Металург Автокоманда влезе во серија од четири последователни голови, за да поведе со највисоки 6:10. Леона Миленкоска погоди за намалување на 8:10, а на полувреме противникот замина со предност од 9:12.

Вториот дел од мечот започна со одбрана на Хасаноска и погодок на Миленкоска за намлување на 10:12. Следеше период во кој и двете екипи играа гол за гол, за Ивана Трифуноска да погоди и да намали на само еден гол разлика. Дона Тодоровска со нов гол во 43 минута донесе израмнување на 17:17, за истиов играч да ни донесе и прва предност на натпреварот од 19:18.

Следеше лош период за нашиот тим, во кој дозволивме на противникот да влезе во серија и да поведе со 19:21. Вардар имаше шанса да се врати во игра, при резултат 20:22, кога на теренот имавме два играчи повеќе, но не успеавме да ја искористиме бројчаната предност, Металург Автокоманда постигна два гола и поведе со 20:24, на крајот победата на гостите беше изразена со резултат 22:25.

Вардар: Ивана Трифуноска 4, Дона Тодоровска 5, Јана Стојанова, Елена Балоска, Бојана Божиновска 1, Неда Јанева 1, Мила Ристовска 4, Михаела Петровска, Леона Деметра Франгоска, Драгана Тодоровска, Мила Николовска, Ивана Смилевска, Јана Поповска, Леона Миленкоска 5, Дафина Соколовска 1, Зорица Хасаноска 1.