Skip to content
Дома » Вести » Ѓорѓиевска: Со Куманово не очекува силен натпревар

Ѓорѓиевска: Со Куманово не очекува силен натпревар

    Во следното интервју за нашата официјална Веб-страница разговараме со еден од најдобрите поединци на сениорскиот и капитенот на младинскот тим, голманката Вероника Ѓорѓиевска. Целата своја кариера ја има минато во црвено-црниот тим, најпрвин како дел од еден регионален тим кој беше дел од Академијата на Вардар и настапуваше во „Вардар Јуниор лигата“ каде и беше селектирана, подоцна ги мина со успех сите младински категории и стана дел од сениорскиот тим. Станува збор за одличен голман со репрезентативен потенцијал, во продолжение погледнете го нашиот разговор на неколку црвено-црни теми.

    Пред црвено-црните во текот на утрешниот дел е важен дерби дуел, ние гостуваме кај тимот на Куманово. „Чуварот на мрежата“ на вардарки дава свои очекувања за оваа средба:

    Дефинитивно не очекува интересен натпревар, двата тима ја посакуваат победата. Ова ни е прилика да ги минеме на првенствената табела, прашањето околу победникот е отворено и имаме еднакви шанси. До победа на дуелот со Куманово ќе дојде онаа екипа која повеќе ја посакува истата, и која ќе го даде својот максимум на ова првенствено дерби. Се познаваме добро двата колектива па ќе одлучуваат нијанси.

    -Вардарки имаат оваа пролет нов кормилар, врзаа успеси во низа, тимот е делумно изменет со едно заминување на клучен играч и неколку повреди. Ѓорѓиевска дава видување за постигнатото во пролетниот дел и за претходно напоменатите податоци:

    Да, во низа сме на добри резултати во сениорската лига, тимот „дише“ како еден. Одлична е нашата форма мотивирани сме, даваме се од себе на натпреварите. Точно дека имаме нов тренер од зимската пауза, сепак тоа е нашиот тренер Платон, кај кој ги минавме сите возрасни категории, добро се познаваме меѓу себе, знае како да извади од нас максимум на натпреварите во сениорската лига, младинската лига и Купот. Иако оваа пролет замина една од најдобрите од екипата, Стефаноска, поради аранжман во странство на која и посакувам успех во новата средина каде се надевам дека ќе ги покаже своите неспорни квалитети кои ги познавам како нејзин долгодогишен соиграч. Исто така имавме и повредени играчи, сето тоа го компезиравме со тимска игра и двање на максимум на сите девојки кои добиваат прилика на теренот.

    -Ѓорѓиевска оваа сезона е капитен на младинската екипа, таа наша селекција има 100% успех и дефинитивно е доста близу да ја одбрани ланската круна во оваа женска ракометна конкуренција.

    Во младинската лига играме како по ноти, тоа ме радува како капитен, досега сите дуели ги добивме во наша корист и сме лидери. Тимот е сосема зрел за одбрана на титулата од минатата сезона, и се надевам ќе ја оправдаме фаворитската улога во ова натпреварување. Се надевам и воедно посакувам на крајот да го подигнеме пехарот за шампионската сезона која е зад нас во оваа категорија.

    Вероника за време на паузата во лигата поради ЕХФ-неделата беше дел од собирот со уште шест вардарки на младинската селекција на Македонија. Конечно нејзиниот квалитет беше воочен и го презентираше на овој собир како дел од подготовката за големите натпреварувања.

    Голема чест беше што бев дел од собирот на најдобрата младинска македонска женска селекција. Собирот и работата на истиот мина одлично, станува збор за најдобрите девојки кои ги има земјава во таа конкуренција. Апсолутно позитивно искуство за еден млад спортист да си дел од селекцијата на својата држава.

    Во младинската лига има одлични настапи и најдобар скор на одбрани во оваа конкуренција во однос на сите голмани кои земаат учество во истата. За тоа како е задоволна од сопствените настапи во оваа и сениорска конкуренција читаме во продолжение:

    -Задоволна сум од шансата која ја добивам и од она што го давам за тимот на мојата позиција. Секогаш може, се разбира и мора подобро, треба да се цели кон подобри перформанси. Голманскиот учинок сакам да биде насочен кон тимскиот успех, затоа работиме посветено како тим со тренерот Платон, а како голманки работиме и учиме од тренерот Царчев. Само работа и труд и се ќе си дојде на свое.


    -За крај разговараме за едно друго натпреварување, Купот каде вардарки се пласираа на завршницата, односно на Ф-4 турнирот на кој лани за малку не успеавме во финалето да дојдеме до пехар.

    Во Куп натпреварувањето имавме релативно поволна ждребка за 1/4-финалната група, сепак одигравме максимално сконцетрирано и со две победи покажавме дека местото ние на завршницата, поточно обезбедивме настап на Ф-4 турнирот во оваа конкуренција. Ја очекуваме ждребката, на фајнал-форот се пласирани покрај нас најквалитетните три тима од лигата па сите имаат еднакви прилики за пехар, ако знаем за каков тип на натпреварување каде се се решава во еден натпревар. Лани бевме на чекор до успех во финалето, за почеток очекувам пласман во дуелот за пехар, а потоа се е можно-завршува Вероника Ѓорѓиевска.