Убедлива победа за кадетките на гостувањето кај екипата на Деспина

Кадетките на доминантен начин стигнаа до победа, на првиот бараж натпревар за пласман на завршниот турнир во првенството. Вечерва во салата во Прилеп, избраничките на Вељаноска со резултат 23:37 (12:14) ја победија екипата на Деспина.

Вардарки од првата до последната минута беа во предност и не му дозволија на противникот да се понадева на позитивен резултат на овој натпревар. Тргнавме фуриозно со серија од три последователни голови, имавме и водство од 7:12, за до крајот на првиот дел, домашниот тим да го намали резултатот и на полувреме да замине со пристојна негатива од два гола, на семадарот по 30 минути игра беше 12:14.

Во првите пет минути од вториот дел, имаше резултатска рамнотежа кога резултатот гласеше 15:18, по што започна наша голема серија од 1:6, за да поведеме со највисоки 16:24. Како одминуваше натпреварот, постојано растеше предноста во наша корист, стигнавме и до двоцифрено водство од 19:29, а остатокот од натпреварот беше рутина за вардаровите кадетки, кои на крајот стигнаа до убедлив триумф изразен со резултат 23:37.

Најефикасни во нашиот состав беа Мила Ристовска со 12 и Ива Трифуноска со 10 погодоци.

Вардар: Ивана Трифуноска 10, Јана Стојанова, Елена Балоска 1, Миа Милошевска, Калина Смилевска, Јована Павичевиќ, Мила Ристовска 12, Симона Миновска, Стефанија Петровска, Ноели Ангелов, Варвара Атанасовска, Драгана Тодоровска 6, Мила Николовска 4, Мила Манева 2, Сара Ристовска 2.

Реванш натпреварот на овие две екипи, ќе се одигра во недела (13.04) во салата „Круме Кепески“ со почеток од 14:00 часот.