Skip to content
Дома » Вести » Втора првенствена победа за младинките

Втора првенствена победа за младинките

    Втор триумф сезонава за нашите младинки, кои вечерва во салата „Круме Кепески“ како домаќини го победија тимот на Илинден со резултат 31:23 (14:9)

    Натпреварот започна со одбрана на нашиот голман, Вероника Ѓорѓиевска, додека резултатот го отвори со гол Бојана Коцева. Следеше период во кој ние не успеавме седум минути да го пронајдеме патот до противничката мрежа, иако имавме таква прилика од седум метри која не ја реализиравме, за вториот гол во нашите редови да го постигне Дона Тодоровска во 9.минута од натпреварот за израмнување на 2:2. Илинден го врати водството, но следеше наша серија од 4:0. Најпрво одбрани Ѓорѓиевска, за во контра напад да погодиме преку Борјана Коцева, а следеа голови и на Радевска како и на Бојана Коцева за водство од 6:3. Прв пат во 20 минута имавме и четири гола разлика, откако Бојана Радевска со нов гол го зголеми резултатот на 8:4, а во 25.минута со голот на Сара Стефаноска имавме водство и од 11:6. Гостите за момент намалија на 11:8, но ние преку денес расположената Радевска, како и Стефаноска повторно имавме пет гола предност. Во последните секунди од првиот дел, погоди Борјана Коцева, за резултат од 14:9 по првите 30 минути игра во салата „Круме Кепески“.

    Вториот дел со погодок го отвори Михаела Велјановска, додека Сара Стефаноска во 37.минута ни донесе водство од 17:10. Вардарки имаа целосна контрола на играта и резултатот во овој дел од мечот. Откако Илинден намали на 18:13, ние направивме серија од 6:1, и со голот на Миленкоска во 47 минута стигнавме до двоцифрена предност од 24:14. Во овој дел на голот застанаа и Хасаноска и Галачева, кои исто така запишаа интервенции. Последните десет минути беа рутина за нашиот тим, кој славеше со резултат 31:23, последниот гол за нас го постигна денес најефикасната Леона Миленкоска.

    Вардар: Хасаноска ( 5 одбрани), Стојчевска 1, Соколовска, Стефаноска 3, Галачева ( 2 одбрани), Поповска 2, Велјановска 3, Борјана Коцева 4, Смилевска, Тодоровска 4, Симоновска, Миленкоска 9, Радевска 5, Ѓорѓиевска (11 одбрани), Милевска, Бојана Коцева 3.