Skip to content
Дома » Вести » Втора последователна победа за вардарки во Супер лигата

Втора последователна победа за вардарки во Супер лигата

    Вардарки стигнаа до втората последователна победа во Супер Лигата, откако попладнево во спортската сала „Круме Кепески“ беа подобри од екипата на Овче Поле СУ со резултат 45:22 (23:12).

    Во првите десет минути од натпреварот гледавме игра гол за гол на двете страни, ние првата предност ја имавме во 7.минута кога Попова погоди за 4:3. Како одминуваше натпреварот ние ја превземавме контролата на играта и резултатот. Со два последователни голови на Ивона Трпевска и еден на Сара Стефаноска до средината на првото полувреме имавме водство од 12:8. На голот застана Вероника Ѓорѓиевска која до истекот на првите 30 минути имаше неколку одбрани. Екипата на Овче Поле СУ не успеа да се врати во игра, ние воспоставивме брзо темпо на игра кое противникот не можеше да го следи.

    Нашата предност само растеше, Стефаноска погоди за 15:9. додека со головите на Борјана Коцева и нов на Стефаноска во 22 минута имавме високи 18:10 водство. Набргу стигна и двоцифрената предност, кога резултатот на семафорот гласеше 20:10 во 23.минута, со головите на Василевска и Ивановска. На полувреме резултатот гласеше 23:12 во наша корист, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар.

    Имавме фуриозен старт и на вториот дел, кога со пет голови во серија имавме највисоки 27:12. Тренерскиот двоец на нашата клупа, Царчев и Платон, шанса за настап им дадоа на сите ракометарки кои беа на располагање за овој натпревар. И вој вториот дел само растеше позитивата, за конечниот резултат на крајот да гласи 45:22.

    Три ракометарки постигнаа по 8 голови, се работи за Ивона Трпевска, Сара Стефаноска и Симона Василева.

    Вардар: Стојчевска, Ивона Кимовска 2, Ивановска 2, Попова 2, Стефаноска 8, Галачева, Василева 8, Велјаноска 1, Илиќ, Борјана Коцева 4, Трпевска 8, Ива Комовска 1, Симоновска, Радевска 4, Ѓорѓиевска, Бојана Коцева 5.

    Вероника Ѓорѓиевска беше одлична на голот со 12 одбрани, додека Марија Галачева имаше 5 интервенции.