Задржан речиси целиот ростер во сениорската и Шампионската кадетска екипа

🔷️Зад нас е сезоната 2024/25, на сила е летната пауза пред почетокот на подготовките за идните предизвици. Раководството на тимот беше активно на поле на дефинирање на играчкиот кадар. Па така веќе се завршени грото од продолжувањата на соработките. Задржан е речиси целиот ростер на сениорската екипа и Шампионската кадетски тим, односно има само едно заминување.

🔷️Девојките од сениорската екипа кои беа носители на играта во сезоната во која бевме помеѓу најдобрите четири екипи во Купот на Република Македонија и во плеј-офот сегментот во лигашкиот дел остануваат и во новата сезона во црвено-црната комбинација. Сите девојки на кои им беше понудено продолжување го прифатија истото, па така во новата сезона Платон ќе ги има на располагање истите играчи, па така нема да се минува низ процес на вкомпонирање и воигрување на ростерот.

🔷️Екипата која го донесе шампионскиот пехар, кадетскиот состав предводен од Новеска покрај тоа што е задржан речиси во целост ќе биде засилен со нови имиња. Вардар чија цел е да ја продолжи мисијата на создавање и вложување во млади ракометарки кој се ракометна иднина на земјава ќе стави посебен акцент на оваа “златна” генерација. Ќе се атакува да се привлече најдоброто од истата во нашиот тим.

🔷️Вардар има мисија и посебно вложува во младите ракометарки, имаме школа која е масовна и за во која наскоро ќе има информација за нови уписи за најмалите кои сакаат да станат дел од црвено-црното семејство.