Skip to content
Дома » Вести » Илиќ го „откажа“ Металург, вардарки убедливо во дербито

Илиќ го „откажа“ Металург, вардарки убедливо во дербито

    Вардарки го добија дербито против екипата на Металург Автокоманда. Избраничките на Платон и Царчев одиграа одличен натпревар и победија убедливо со резултат 23-30

    Тргнавме пеколно во ова дерби, на почетокот само ние погодувавме. Со два гола на капитенот Трпевска, и по еден на Коцева Бојана и Василева во 5.минута влеговме со предност од 0-4. Во следните пет минути двата тима постигнаа по три гола, во 10.минуна со голот на Попова водевме со 3-7. Прв пат со пет плус водевме во 15.минута, по две контри преку крилата Радевска и Трпевска поведовме со 4-10. Во последните 10.минути влеговме со комотни седум гола предност, беше 6-13 по голот на Василева, треба да се напоменат големиот број на одбрани на Илиќ која ни помагаше во создавањето предност.

    Во последните пет минути имавме напад, Платон побара тајм-аут при наш напад за осум плус, на семафорот беше 10-17 за црвено-црните дами. Домаќинот успеа само да ублажи и на одмор заминавме со резултат 11-17, односно со шест плус за нас.

    Домашниот тим се закани на стартот на вториот дел, кога со четири последователни голови, намали на само два гола разлика (15-17). Илиќ повторно стапи на сцена, едноставно денес го откажа тимот на Металург. Повторно се одлепивме од противникот, кога резултатот на семафорот гласеше 18-25. Не дозволивме на Металург да се доближи, ниту да ја загрози нашата висока предност. Имавме контрола на играта и резултатот и на крајот заслужено триумфиравме со високи 23-30

    Илиќ го заврши натпреварот со 15 одбрани, додека најефикасна беше капитенот, Трпевска со 7 постигнати голови.

    Вардар: Кимовска, Попова 4, Василева 6, Велјаноска, Илиќ (15 одбрани), Борјана Коцева 2, Франгоска, Трпевска 7, Поповска, Тодоровска, Радевска 5, Ѓорѓиевска, Миленкоска, Милевска, Шехтенска 1, Бојана Коцева 5.

    Со овој триумф, Вардар се доближи на три бода негатива, зад екипите на Металург Автокоманда и Чаир.