Вести

Новеска и Ристовска: Ќе дадеме максимум за да го одбраниме трофејот во кадетската лига

Утре во Битола ќе се одигра завршниот турнир во женската ракометна кадетска лига. Екипата на ЖРК Вардар во полуфиналето за противник ќе го има домашниот тим на ЖРК Пелистер 2012. Во другото полуфинале ќе играат екипите на ЖРК Стружанка и ЖРК Металург .Истиов ден, на програмата се натпреварот кој ќе…

Утре ќе биде познат новиот Шампион во кадетска конкуренција, Вардар во полуфиналето ќе игра со екипата на Пелистер

Утре на програмата е завршниот турнир на најдобрите четири екипи во регуларниот дел од сезоната во женската кадетска лига. Во полуфиналето од групата А, се пласираа екипите на Вардар и Металург, додека од групата Б, пласман на Ф4 обезбедија екипите на Пелистер и Стружанка. Вардарки со максимален број на освоени…

Пораз на пионерките од Астибо

Натпреварот започна рамноправно со игра гол за гол. На семафорот во салата Круме Кепески стоеше 4-4 по голот на нашата Гроздановска во 7.минута. Следеше период во кој гостинот од Штип доминираше, па со серија 0-5 тие поведоа со високи 4-9. До крајот на првиот дел успеавме да ја стабилизиравме играта…

Гостинска победа за сениорките

Натпреварот започна со почетните 1-1. Потоа постојано се играше околу резултатска симетрија, до 11-11 дури осум пати беше реми на семафорот. Вардарки успеаа прв пат да се одлепат на плус три на ова гостување при резултат 13-16 за црвено-црните дами. Домаќинот се обиде да се врати сепак ја исконтролиравме ситуација…

Очекуван пораз од Шампионот

ЖРК Вардар денес беше домаќин на Шампионот Ѓорче Петров-ЖРК, очекувано фаворитот славеше на оваа средба со резултат 23-32. На почетокот гостинот поведе со почетни 0-2, потоа цело време ја имаше таа предност околу два до три гола. Најблиску резултатски бевме во финишот кога дојдовме на гол негатива при резултат 10-11.…

Вардарки се надигруваа со екипа од Данска

Нашиот клуб денес имаше можност да одигра пријателски натпревар против екипа, која доаѓа од Данска, земја која важи за една од најдобрите во светскиот ракомет. Наш гостин беше тимот на So Хоје Елите. Натпреварот се одигра во малата сала на С.Ц.Јане Сандански, кој го добија гостите од Данска со резултат…

Дански “тест” за ЖРК Вардар

Сениорската екипа на Вардар, утре (среда) 16.април, ќе одигра меѓународен тест-натпревар со тим од Данска. Црвено-црните дами ќе се соочат со дански So Хоје Елите. Овој одличен натпревар за нив ќе се одигра во салата при Спортскиот центар " Јане Сандански". Избраничките на Анжела Платон ќе настапат во 16:00 часот,…

Браво! Кадетките обезбедија место на Ф-4, со две убедливи победи

Hа возвратниот бараж-натпревар за пласман на Ф-4 турнирот во кадетска конкуренција, Вардар ја пречека Деспина. На оваа средба дојдовме до убедлива победа со резултат 32-16. Кадетките на Вардар на овој реванш влегоа со голема предност од првиот натпревар во Прилеп. Сепак наметнаа ритам од самиот старт на овој реванш натпревар…

Убедлива победа за кадетките на гостувањето кај екипата на Деспина

Кадетките на доминантен начин стигнаа до победа, на првиот бараж натпревар за пласман на завршниот турнир во првенството. Вечерва во салата во Прилеп, избраничките на Вељаноска со резултат 23:37 (12:14) ја победија екипата на Деспина. Вардарки од првата до последната минута беа во предност и не му дозволија на противникот…

Кадетките против Деспина во баражот за Ф4

Кадетките на Вардар ја завршија регуларната сезона како лидери во својата група. За настап на завршниот турнир ќе мора да минат низ бараж двомеч. Избраниците на Даниела Новеска се фаворити на овие средби. Наш ривал е екипата на Деспина од Прилеп. Познати се термините на натпреварите: