Вести

Новеска го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните Европски олимписки игри
Селекторот на женската ракометна селекција Ж17 го објави поширокиот список на ракометарки за претстојниот Европски олимписки младински фестивал Скопје 2025. Нашиот стратег, Даниела Новеска, која е назначена за нов селектор на кадетската репрезентација на Македонија, на поширокиот список ќе смета на 49 ракометарки на првиот собир, по што ќе има…

Против екипата на Ѓорче Петров, во полуфиналето на Купот
Познати се полуфиналните двојки, на завршниот турнир во Купот на Македонија. Ждрепката сакаше, Вардар во полуфиналето да игра со актуелниот освојувач на ова натпреварување, екипата на Ѓорче Петров, кој и сезонава ја одбрани титулата во Супер Лигата. Во второто полуфинале, ќе играат екипите на Чаир и Металург Автокоманда. Полуфиналните натпревари…

Вардар убедлив, 49-ка за Астибо
🔷ЖРК Вардар одиграа одличен натпревар и како домаќин ја совладаа убедливо екипата на Астибо со оваа победа 49-27 се вративме на позицијата број 4 на табелата.️ 🔷️Црвено-црните дами тргнаа фуриозно на стартот, во одбраната беа одлични, на голот Галачева Марија впишуваше одбрани, тоа во нападот беше наградено. Па во 7.минута…

Вардарки домаќини на Астибо
🔷️Денес, петок во рамки на Плеј-офот ни гостува екипата на Астибо од Штип. Ова е натпревар од претпоследното коло и последен на домашен терен за сениорскиот тим. Кој покрај уште едно гостување во плеј-офот го очекува настап на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. 🔷️Денешниот натпревар се игра…

Новеска со селекторска функција
🔷️Денес, нашиот тренер Даниела Новеска беше назначена за селектор на кадетската У-17 женска ракометна македонска селекција. 🔷️Новеска во редовите на Вардар ја води шампионската кадетска екипа со која дојде со титулата првак оваа сезона и тоа без еден пораз или реми исход. Покрај оваа екипа таа е кормилар и на…

Младинките го одиграа последното коло
Денес црвено-црните младинки беа домаќини на Металург Автокоманда, на средината од последната рунда без резултатско значење за двата тима ривалот победи со 28-30. ️Натпреварот од последното коло започна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1. Црвено-црните дами имаа делумна контрола на резултатот до 6-8. Овој натпревар немаше…

Младинките со дуел против Металург Автокоманда
🔷️Денес, вторник младинките на ЖРК Вардар ќе одиграат натпревар од 20.коло, последно во лигата за оваа сезона. 🔷️Црвено-црните девојки ќе ја пречекаат екипата на Металург Автокоманда на натпревар кој ќе започне со почеток во 17 часот и 30 минути. Дуелот ќе се игра во салата "Круме Кепески" во скопската населба…

Пораз кај Ѓорче Петров-ЖРК
🔷️ЖРК Вардар денес гостуваше кај тимот на Ѓорче Петров. На ова гостување кај екипата која минатото коло ја одбрани без пораз титулата очекувано бевме совладани со резултат 38-26. 🔷 На натпреварот во салата Христо Батанџиев во Волково ривалот подобро отвори и имаше плус седум при резултат ️ 9-2. Тој тренд…

Само еден гол ги делеше пионерките од Ф-4
🔷️Пионерките на Вардар за жал нема да играат на завршниот Ф-4 турнир за само еден гол. Гостувавме кај РК Струга, истиот тим не победи со гол повеќе од она што ние го совладавме во Скопје и заминуваат на завршницата. .🔷️ Избраничките на Даниела Новеска во салата Круме Кепески победија со…

Сениорките на гости кај Ѓорче Петров-ЖРК
🔷️Престојниот викенд на програмата во плеј-офот е 18.коло, во истото црвено-црните дами се гости. 🔷️Избраничките на Анжела Платон ги очекува гостување кај тимот на Шампионот, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК. Натпреварот се игра утре, сабота 10.мај со почеток во 12:00 часот. Дуелот ќе се одигра во салата " Христо Батанџиев "…